Утрински Весник
Балкан

Коалицијата „Србија против насилство“ вечерва ќе одлучи дали ќе учествува на изборите закажани за 2 јуни

Belgrad Izvor Mia.jpg

Коалицијата „Србија против насилство“ вечерва ќе одлучи дали ќе учествува на изборите закажани за 2 јуни – изјави денеска лидерот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Чута.

Тој на прес-конференцијата во Собранието на Србија прецизираше дека средбата е закажана за 19 часот и нагласи дека одлуката за тоа, „што и да е“ мора да биде заедничка.

Додаде дека Еколошкото востание ќе се залага за заеднички излез на изборите и повика на единство меѓу сите политички актери.

„Само заедно можеме да постигнеме промени“, рече Јовановиќ, чие Еколошко востание е дел од коалицијата „Србија против насилството“.

Можете да прочитате

Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска

Во Љубљана се одржува Годишна конференција на ФАМа

Изгласана новата хрватска Влада – 24info.mk