Ристо од Валандово произведува сок од калинка, чаша чист сок од калинка, извор на многу витамини

Ристо Трајков од Валандово веќе 20 години произведува сок од калинка. Вели таа е богата со многу витамини, придонесува за зајакнување на имунитетот , зголемување на енергијата. На крајот на септември, почеткот на октомври е нејзината берба, кој како што вели таа е посебна на свој начин и не може да се споредува со ниту еден друг сок.

„Роко на калинката е 7 години, после 7 години раѓа, и бербата е после септември, на крајот на септември, октомври тука. Сокот од калинката е убав, калинката за консумација е многу убава, а калинката како да ви кажам има ногу витамини шо како бомба, како да кажеме нели, толку енергична шо е корисна за здравјето, за имунитет, качува се.„ – вели Трајков

Вели дека во сокот не се става ниту шеќер ниту вода, за да не го изгуби вкусот и оригиналноста. Времетраењето зависи од количината која е предвидена за правење. На пазарот во Штип се продава по 150 денари за половина кило. Вели дека интересот кај граѓаните е доста голем и многу често го купуваат сокот.

„Калинката, кога ќе созрее убаво се сече на преса, таа преца за цадење сок што е, се цаде сокот и после се прецадува се полни во шишиња. Пола кило до кило, и се замрзнува и во тоа сокче не се става шеќер, ни вода и тоа е чист сок. Оно се праве за пола саат, може два саата, може и 5 зависи колку количински е, ако е малку брзо е ако е ногу може и цел ден да изгубе. Правеме околу 20 години. Купуват го, доста го купуват кој го разбира го купува, кој не го разбира не. Али важно квалитет не може да се рамне со другите сокови од портокал, калинката ти е најубава тоа најповеќе витамини. 150 денара пола литро. Појачување на крвта, имунитетот се појачува, има доста витамини“ – посочува Трајков

Само една чаша чист сок од калинка има повеќе антиоксиданси отколку што има во една чаша црвно вино, зелен чај, боровинки и малини. Калинката изобилува со витамини К, Ц, фолна киселина, бакар и калиум.

Лаура Стојанова, М-Нет