fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
betonizacijata ni ja susi pocvata vo skopje featured

„Бетонизацијата“ нѝ ја суши почвата во Скопје

Зошто ни се важни подземните води? Од нив се дополнува водоводот па ги пиеме, со нив се наводнува, се мие, се чисти, се одгледува храна, се користат во индустријата, се одржува влажноста на земјата… Од досегашните анализи е прикажано дека ако површината е природна, без вештачки материјали на неа како асфалт, бетон и друго тогаш од врнежите околу 25 проценти се впиваат длабоко, а други 25% плитко во почвата. Околу 10 % истекуваат по површината, а околу 40% испаруваат. Ако пак површината на почвата е покриена меѓу 75 до 100% со непропустлива подлога како асфалт и градби како што денеска ни личат повеќе делови на Скопје, тогаш се проценува дека само 5% од врнежите продираат длабоко во земјата, 10% плитко, 35% испаруваат, а дури 55% течат по површината односно во овој случај по улиците низ градот и ги полнат канализациските системи.

betonizacijata ni ja susi pocvata vo skopje 1

За тоа каква е состојбата со подемните води во скопско, разговаравме со хидрологот од УХМР, Васко Стојов кој вели дека поради прекумерната урбанизација има тенденција на намалување на подземните води во урбаните делови на градот споредено со руралните подрачја.

vasko stojov 300x300 1

Стојов: Се намалуваат површините преку кои врнежите се впиваат во земјата

betonizacijata ni ja susi pocvata vo skopje 2

А како ваквата состојба на подземните води влијае врз вегетацијата и јавното зеленило во градот кое патем е еден од главните заштитници од загадувањето и фактор за некаков квалитет во урбаниот живот зборувавме со професорот по урбана дендрологија на Шумарски факултет Бојан Симовски.

bojan simovski 300x300 1

Симовски: Од подземните води зависи и влажноста на земјата

Велат, подземните води влијаеле на сонот, на расположението, на здравјето… За тоа не знаеме, но од разговорите знаеме дека од подземните води во Скопје ние пиеме, наводнуваме, растеме храна, го одржуваме злеенилото кое го намалува загадувањето, ги користиме во индустријата. Од подземните води зависи и влажноста на земјата, од тоа пак здравјето на растенијата, од тоа пак влажноста на воздухот и дали ќе имаме „топлотни острови“. Големата урбанизација и покривањето на секое делче од градот со асфалт, бетон и градби ги намалува површините преку кои водата од врнежите може да се впие во земјата и да се слее во подземните природни резервоари.

Целиот поткаст со наслов „Дали подземните води се намалуваат поради преголемата бетонизација“, може да го слушнете тука.

 

Поврзана сторија:

Бунарите пресушуваат, изворите се повлекуваат, а ние немаме нови стратегии за подземните води

Сподели