Утре ќе се одржи првата дебата меѓу двајцата политички кандидати, а ТВ21 ја организира првата претседателска телевизиска дебата пред одржувањето на вториот круг.

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова утре (30.04.2024) година ќе бидат гости во нашето студио. Дебатата започнува во 21 часот и 15 минути

Секој кандидат на почетокот од дебатата ќе може да ја презентира својата програма во времетраење од 4 минути, а потоа следуваат прашања од различни области. Секој има право на одговор во времетраење од 90 секунди и право на реплика од 30 секунди.