Легендарниот Ален Делон многу тешко препознатлив на 89 години – тешка е староста!

4167

Физички остарен, но не и заборавен!

Го фотографирав татко ми. За мое сеќавање. Откако појадував со него, почувствував неопислива благодарност. Мислам дека е убав на оваа фотографија. Јас му ја покажав фотографијата, а тој се согласи дека е одлична, порачува неговата ќерка Анушка Делон

Француската филмска (и, повремено пејачка) легенда Ален Делон, со децении наназад важеше за еден од петте најсексипилни мажи на Земјината топка. За него пишувавме и неодамна кога францускиот суд донесе одлука Делон да не може веќе сам да управува со својот голем имот. Тој скоро и да не знае за себе, физички е поприлично пропаднат, има речиси 89 години, а за него се грижат специјално обучени луѓе во „Домот за стари лица“.

Дека е во тешка здравствена состојба, колку и да не сака да си признае, зборува и самата фотографија која ја објави неговата ќерка, која инаку е во лоши комуникациии со своите двајца браќа, поради огромното наследство со недвижности. Таа под оваа тажна, вознемирувачка, но воедно и емотивна фотографија напиша:

– Го фотографирав татко ми. За мое сеќавање. Откако појадував со него, почувствував неопислива благодарност. Мислам дека е убав на оваа фотографија. Јас му ја покажав фотографијата, а тој се согласи дека е одлична. Го прашав дали можам да ја споделам со сите негови обожаватели ширум светот, со неговата публика која е загрижена за него. Така што само со неговата согласност, еве ја таа емотивна  фотографија, напиша грижната ќерка Анушка Делон, додавајќи дека татко ѝ не е на умирање. Притоа, смирувајќи ги неговите обожаватели, особено обожавателките, порачувајќи им дека во моментов татко ѝ се чувствува добро и дека нормално комуницира.

Но и самиот Ален испрати порака дека сè уште го држи огромната желба за живот, дека наскоро ќе замине на летување. Таму ќе има време и за добрите журки кои секогаш ги обожаваше во својот живот. На журките Делон ги запознаваше најзгодните жени од филмската и музичката уметност, а кои масовно се лепеа тогаш на неговата исклучителна физичка убавина.