И селекторот на кадетите со список за ЕХФ неделата

Сeлекторот на машката кадетска репрезентација генерација 2006 година и помлади,Наум Танески, го објави списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари со репрезентациите на Словенија и Австрија во рамки на ЕХФ машката национална недела во период од 07.05.2024 до 12.05.2024 година.

Кадетската репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги оддигра во Словенија во градот Зрече.

Натпреварите на кадетската машка селекција се предвидени да се оддиграат на 10.05 (петок) против селекцијата на Словенија во 18.00 часот и на 11.05 (сабота) против Австрија во 12.30 часот.

Собирот е закажан за ден 07.05.2024 година (вторник) со почеток 09:30 часот во спортската сала во Автокоманда.

Се вчитува...