Курти од Стразбур: Не треба да се зборува за ЗСО кога Србите го бојкотираат Собранието

од Nikola Popovski

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата влада не сака да го претвори Основниот договор со Србија во алатка за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

Како што пренесува „Репортери“, Курти од Стразбур рекол дека прашањето за ЗСО е дел од тој договор, а не обратно.

Тој додал дека Србите во Косово имаат многу права како малцинство кое сочинува четири отсто од населението, а го поставил и прашањето – како бараат повеќе права кога го бојкотираат тоа што го имаат сега.

„Имаме 10 места резервирани за Србите во парламентот, српскиот јазик е официјален, 10 од 38 општини имаат српско мнозинство. Направивме напори да ги интегрираме Србите во владината политика во сите области. Како општество, како влада, мораме постојано да спомнуваме колку српското малцинство ужива во Косово, а сочинува четири отсто од вкупното население, а да не зборуваме дека ги бојкотираат тие 10 пратенички места во косовското собрание. Како да се бараат повеќе права кога се бојкотираат сегашните“, изјавил Курти.

Тој изразил оптимизам за членството на Косово во Советот на Европа во мај, велејќи дека никогаш немало случај Комитетот на министри да ја игнорира одлуката на Парламентарното собрание и да гласа против неговата препорака.

Слични содржини