World Music

Шакира преку документарен филм ќе го разјасни раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике

По песната во која го повика својот поранешен, Шакира би можела да сними и филм во кој подетално ќе зборува за раскинувањето меѓу неа и познатиот фудбалер Жерар Пике, објави „Дејли мејл“.

Многумина веруваат дека набрзо ќе дојде и тој филм, бидејќи пејачката постојано е опкружена со сниматели.

Шакира и Пике раскинаа во мај минатата година по 11 години заедно, а нивното раскинување резултираше со потпишан договор за старателство над децата. Тежок период имаа и десетгодишниот Милан и осумгодишниот Саша.

Покрај претстојниот филм кој ќе се фокусира на тешките моменти по раскинувањето со фудбалерот, пејачката наводно ќе зборува и за даночните проблеми. Гласините се уште се непотврдени, но филмот би требало да излезе следната година.

Не се знае каков жанр ќе биде филмот, но се повеќе се чини дека пејачката навистина снима нешто од документарен карактер.

„Јасно е дека Шакира снима материјал за проект во документарен стил, документарец или реално шоу“, потврди новинарката Лорена Васкез.

Можеби ќе ве интересира: