Незапаметен случај на суровост: Младич осуден на 14 месеци затвор откако убил 76 мачки зашто му го изгребале автомобилот

144
Фото:пекселс
Младич во раните 20-ти години од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор поради убиство на 75 мачки во еден од најстрашните случаи на суровост  кон животните во земјата во последните години.
Тој минатата година е осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за заштита на животните, соопшти Окружниот суд во чангвон, на југоисткокот на Јужна Кореја, пишува АП, пренесува Танјуг.
Судот не го идентификуваше младичот.
Тој почнал да убива мачки помеѓу декември 2022 година и септември 2023 година поради омраза кон нив која започнал да ја негува откако мачки му го изгребале автомобилот, стои во судската пресуда во која АП имаше увид.
Тој ловел мачки скитници, освојувал мачки од интернет-страници пред да ги задави до смрт или ги убивал со ножици, се наведува во судската пресуда.
Една мачка прегазил со автомобилот, соопшти судот.
Судот оцени дека казната затвор е неизбежна бидејќи тој повеќе пати со предумисла вршен „неописливо сурови“ кривични дела.
Нагласено е дека казната и понатаму го одрзува фактот дека мажот немал кривично досие и дека се покајал за своите злочини, како и дека е утврдено дека непознато ментално нарушување било мотив за злочините.
Младичот ја обжалил пресудата.