ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

12 медицински сестри месечно ја напуштаат државата

12 медицински сестри месечно ја напуштаат државата

Месечно по околу 12 медицински сестри си заминуваат од Македонија. Бараат препораки од здруженијата и болниците каде што работат. Најчесто одат во Германија и Швајцарија, а се повеќе и во Хрватска. велат од првото македонско здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега.

„Сестрите сакаат да научат и да си отидат, а не сакаат да работата во Македонија.Причината е велат ниската плата.Прменогу работа. Ние сме преоптеретени.Ние сме мал број.Една сестра работи за три. Една сестра во интензивните неги води по 5-6 пациенти.Тоа е премногу. Една сестра треба да води по еден пациент. Го поминавме и ковидот, поминавме многу тешки моменти, а ние се уште немаме разбирање од важните институции нашиот труд да се валоризира“, рече Јулијана Казанџиска-претседател на здружение на медицински сестри на анестезија,реанимација.
Само мимнатата година околу 2000 медицински сестри ги оставиле своите работни места во земјата и заминале во странство.

„Покрај младите заминуваат и сестри во подминати години,сестри со над 20 години работен стаж.Сестри кои се искусни, земаат храброст и заминуваат од Македонија.Најмногу се сестрите од интернистичките и хируршките гранки,анестезија, сестри кои се добро обучени, имаат знаење и заминуваат“, додаде Јулијана Казанџиска-претседател на здружение на медицински сестри на анестезија,реанимација.
На државно ниво земјава се соочува и со недостатокот на лекари.

„Зголемување на платите би влијаело на останување на докторите во оваа држава. Економските прилики се причина за миграција на здравствениот персонал насекаде низ Европа, но ние како држава која постојано ја намалува популацијата сме позагрозени отколку другите држави. Ние не сме држава која има голем бруто домашен производ, со која ние би привлекле странски доктори да дојдат и да работат во Македонија и мора да се потпреме на сопствениот персонал“, нагласи Никола Бакрачески- лекар.
Ако се направат дополнителни промени во здравствената регулатива, може да се задржат добар дел од лекарите дома вели Бакрачески./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button