Top Sport

Мароко со заслужен триумф над Белгија, „ѓаволите“ немоќни

Мароко ја закомпликува ситуацијата во групата Ф, откако сосема заслужено стигна до 2:0 победа над разочарувачки слабата Белгија, на која не им помогна ниту влегувањето на Ромелу Лукаку во игра. Сега, Мароко се први на табелата со 4 поени, пред Белгија со 3, Хрватска е трета со 1, а Канада четврта без поени, пред дуелот на овие две репрезентации.

Откако не покажаа многу ниту при победата над Канада, Белгијците повторно ги разочараа своите фанови, откако дозволија Мароканците да ја диктираат играта, и да ја затресат мрежата во финишот на првото полувреме преку Хаким Зијеш, но голот беше поништен по ВАР-проверката поради офсајд ситуација на играчи кои не ја допреа топката. И во второто полувреме, Мароко беше поконкретен, пред во 73. минута, неколку минути откако влезе во игра, Абделхамид Сабири од слободен удар да успее да го „измами“ Тибо Куртоа за водство.

По ова, Роберто Мартинез реагираше и ги внесе во игра Де Кетеларе, Тросар и Лукаку, и „ѓаволите“ тргнаа во офанзива, но успеаја да ја совладаат силната одбрана на африканската репрезентација, а во 92. минута Закараја Абдухлал да стави печат на победата со втор гол.


Графика: Sofascore за Топспорт.мк


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top