еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фридом Хаус регистрира назадување во владењеето на правото и борбата против корупцијата во Македонија

Назадување во владењеето на правото и борбата против корупцијата во Македонија регистрира Фридом Хаус во својот нов извештај.

Македонија е ставена во групата на “циклични хибриди“, заедно со Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Ерменија, во која редовните промени на владејачките елити спречуваат значителни структурни промени.

Рејтингот на земјата за судската рамка и независноста е намален од 3,25 на 3 поради лошото работење на Државниот судски совет и наводите за непотизам при именувањата на обвинители и судии.

Намален е и рејтингот за корупцијата од 3,25 на 3 поради голем број наводи за корумпирани високи функционери, како и поради измените во Кривичниот законик со кои се намалија казните за корупција и доведоа до завршување на случаи против поранешни и сегашни владини функционери.

„Ниту Груевски, ниту неговите најблиски соработници не беа изведени пред лицето на правдата за нивните злоупотреби на функцијата пред 2017 година. Уште полошо, со контроверзните измени на Кривичниот законик во 2023 година се намалија казните за таквите злоупотреби предизвикувајќи да бидат отфрлени големи случаи, додека јавноста веќе се оптоваруваше од фатални корупциски скандали во здравствениот сектор“, се вели во извештајот.

Од оценетите седум категории во извештајот нема промени во оценката за пет – национално демократско владеење, изборен процес, граѓанско општество, независни медиуми и локално демократско владеење.

Во извештајот се истакнува и судирот на партиите околу уставните измени потребни за да се надмине бугарското вето за пристапување на земјата во Европската Унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фармахем“ го доби тендерот на Клиничка болница Битола за набавка на реагенси вреден 200.000 евра

Редакција

73,3% од починатите од Ковид-19 имаат претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест

Редакција

На Скопје денеска ќе му се случи #Зелена револуција: Марш за чист воздух, НЕ за загадувањето

Редакција