Поврзете се со нас

Англија

Морган: Ако Роналдо играше за Арсенал…(ФОТО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал се „лизна“ во соочувањето со Астон Вила, загуби со 2-0 и со тоа го загуби првото место на табелата во Премиер лигата.

Четата на Емери го нокаутираше Арсенал, Сити е нов лидер во Премиер лигата (ВИДЕО)

Бејли и Воткинс им пресудија на „топчиите“ кои од денеска ќе треба да чекаат на кикс на Манчестер Сити, поточно сега „граѓаните“ се во пол позиција за пехарот во најсилниот англиски шампионат. Случувањата на „Емирејтс“ и поразот дефинитивно им навратија лоши спомени на навивачите на Арсенал меѓу кои е и познатиот британски новинар и телевизиско лице, Пирс Морган.

Морган беше активен на социјалните мрежи каде посочи дека екипата повторно се „дави“, па некој од фановите му порача да побара помош од Кристијано Роналдо.

На ова Пирс се реши да одговори и порача:

-Роналдо би постигнувал по +25 голови во сезона со асистенциите кои би ги добивал. Одбивањето на Артета да му даде приоритет на врвен напаѓач е неговата една главна слепа точка, -истакна Морган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни