Германија има инсталирано над 400 илјади соларни системи за балкони

Германија е една од европските земји кои се предводници во оваа револуција и во земјата моментално има инсталирано над 400.000 соларни системи за балкони. Новите податоци покажуваат дека најмалку 50.000 од системите биле инсталирани во првата половина од годинава.

Соларните балкони се дел од пошироката транзиција кон одржлива енергија во Европа. Тие се сметаат за подвид на соларните панели за кров, но истовремено се и нешто поинакво. Тие, исто така, се и тренд за искористување на сета вештачка инфраструктура за генерирање соларна енергија.

Шините, патиштата, паркинзите, крововите на автомобилите, гробиштата и фасадите на зградите – сите тие се структури на кои може да се примени соларна енергија.

Главната разлика меѓу соларните балкони и соларните панели за кров е во тоа што се многу помали системи. Нивната технологија, всушност, се состои од едне или два панели кои се приклучуваат во штекер. Тие произведуваат околу 10% од енергијата што ја произведуваат соларните кровни системи за домаќинства, велат експертите. Според грубата проценка, Германија има инсталирано балконски соларни системи со капацитет од околу 200 MW, што е значително помалку од капацитетот на инсталирани кровни соларни системи во земјата – околу 16 GW.

Гледано од аспект на сопствениците, балконските системи се полесни за инсталација. Може да се купат онлајн и нема потреба од електричар за да се постават.