Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа обилни и поројни

Во вторникот во Македониај ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од 2 до 9, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 8 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината, исто така, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со температура до 14 степени.