Се срушил борбен авион Ф-16 во Грција, пилотот се спасил

Борбен авион од типот „Ф-16 блок 52“ на грчката армија денеска се урна во близина на островот Псатура во централниот дел на Егејското Море. Пилотот бил спасен, објави атинската „РТВ СКАИ“.

Како што беше објавено пилотот успеал да го активира системот за исфрлање и паднал со падобран во морето. Генералштабот на воздухопловните сили потврди дека едноседниот авион од базата на борбени авиони во Лариса, во централна Грција, полетал на тренинг лет во формација со други авиони и се урнал предпладне.

Во операцијата за пребарување и спасување на пилотот додека не беше пронајден и подигнат од морето час и половина подоцна, учествуваа хеликоптерот „Супер Пума“ на воздухопловните сили, хеликоптерот С-70 на морнарицата и противпожарниот CL-415.

Претходна вестПолскиот прв дипломат: Западните војници се веќе во Украина, тоа е „јавна тајна“
Следна вестПоетски читања и награди на Светскиот ден на поезијата