Дуелот Миовски – Здравковски без победник, Абердин против Мадервел, од 0:3 до 3:3!

Абердин, тимот на македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, на чудесен начин се спаси од пораз на трилер мечот дома против Мадервел, 3:3, во Премиер лигата на Шкотска.

По 26 минути игра гостите поводеа со 3:0, и се чинеше дека победникот веќе е познат. Но по двете измени што ги направи менаџерот Нил Ворник, домашните се созедоа и во следните 10-на минути намалија на 2:3. На почетокот од вториот дел, во 50-та минута,  тиа израмнија на конечни 3:3.

Миовски му донесе водство на својот тим од 4:3, но по интервенцијата од ВАР-собата голот беше поништен поради „ситен“ офсајд.

-За прв пат гледате еден од моите тимови да губи 0:3. Потоа се сменија работите, така сакам да играат моите тимови. Ова е добра група момци кои сега поставија стандард, изјави Ворнок.

Во тимот на Мадервел беше уште еден македонски фудбалер, дефанзивниот играч за врска, Давор Здравковски (25). Тој дојде во шкотскиот клуб лани летото од кипарскиот Лимасол, а минатата есен дебитираше во репрезентацијата на Македонија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО