[Фото] „Лабораториум“ и „За почиста Македонија“ го чистеа Скопскиот аквадукт

По повод Денот на планетата Земја, културниот центар „Лабораториум“ и организацијата „За почиста Македонија“ организираа еко-акција за чистење на Скопскиот аквадукт.

„Прекрасна понеделничка акција кај аквадуктот. Дождот од претходниот ден се повлече и дозволи да се соберат преубави ентузијастични луѓе кои за 2 саата го претворија аквадуктот од депонија во рај и наполнија не еден, туку два камиона до горе со сѐ и сешто од ситно ѓубре, како пластични шишиња, до огромни и тешки гуми, теписи, вц шољи и разни други чудни ствари“, соопштија од „За почиста Македонија“ преку социјалните мрежи.

Од таму посочуваат дека сите вклучени во акцијата не чистеле само за да биде почисто, туку за да инспирираат и мотивираме што повеќе луѓе да се грижат за нивната околина и да бидат активни во нејзиното сочувување.

„Не барајте човек за пример. Бидете примерот!“, велат тие.

Фото: За почиста Македонија / Фејсбук