Несреќа во Грција: Патник паднал од траект во морето – во тек спасувачка акција, подигнати хеликоптери

836

Во тек е операција за пребарување и спасување југоисточно од грчкиот остров Хидра за пронаоѓање на патник кој под неразјаснети околности паднал од траект во морето.

Операцијата на крајбрежната стража е фокусирана на област на околу 30 километри југоисточно од островот, пренесе „Катимерини“.

Еден од патниците на траектот „Кисамос“ кој патувал од Ханија на Крит кон Пиреја ги алармираше властите.

Два брода на крајбрежната стража, еден хеликоптер на морнарицата, еден хеликоптер на крајбрежната стража и пет пловни објекти се вклучени во потрагата, која ја координира Заедничкиот оперативен центар за пребарување и спасување.