Димитриевски: ЗНАМ испишува нова политичка историја, се роди третата сила во македонскиот политичкиот блок

60

„Ја користам приликата пред се да се заблагодарам на сите граѓани на Македонија кои го дадоа својот глас како што сметаа. Денеска ЗНАМ заедно си сите поддржувачи ја испишува новат политичка историја на политичката сцена. Се роди третата политичка сила во макдонскиот политичкиот блок во државата која имаме намера во следниот период да ја потврдиме и надоградиме со цел еден ден граѓаните да можат да бираат нешто ново.

„Да се заблагодарам на сите тие граѓани кои ми ја дадоа поддршката, но воедно и за сите оние кои гласаа за останатите моите противкандидати. Денеска победи демократијата и победи Македонија. ЗНАМ има за цел да ги обединува, а не да разединува граѓаните“ порача Максим Димитриевски, претседателскиот кандидат кој на денешните избори освои над 60.000 гласови, речиси двојно повеќе од кандидатката поддржана од Левица – Билјана Ванковска и значително повеќе од лидерот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски.

Тој му упати порака на кандидатот на СДСМ и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски:

– Мој претседателе, гледате и самите дека разликата е огромна. Затоа, ве советувам, откажете се од оваа битка, повлечете се од вториот круг – му порача Димитриевски на Пендаровски.