Лајчак за дијалогот Белград – Приштина: Успеаја да „премостат одредени празнини“

by Fokus

Специјалниот претставник на Европската унија, Мирослав Лајчак, изјави дека на денешната трилатерална средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, успеале да „премостат одредени празнини“ меѓу предлозите на двете страни и оти планира „наскоро да го продолжи разговорот врз основа на идеите на ЕУ за компромис“.

Тема на средбата на претставниците на Србија, Косово и ЕУ била одлуката на Централната банка на Косово за воведување плаќања само во евра, што значи укинување на трансакциите во динари.

Претходната рунда дијалог за ова беше на 25 март во Брисел, кога Лајчак најави дека средбата е долга, дека се разјаснети важни детали, но дека се договориле дека е потребна уште една средба, одржана денеска.

Поврзани новости