Преодниот рок во Турција уште е отворен, но рокот за пријавување на фудбалери во европските клупски натпреварувања пролетва е затворен. Така, новајлиите нема да бидат пријавени, а извиси и Езџан Алиоски. Македонскиот репрезентативец нема да игра во Лига Европа, што може да биде и сигнал за разделба. Фенербахче не го пријави македонскиот репрезентативец за елиминационаата фаза.

Фенер заврши како првопласиран во својата група и се пласира директно во осмифиналето, па уште не го знае првиот противник во 2023 година. Алиоски минатото лето дојде во Турција од Саудиска Арабија и имаше одличен старт. Потоа неговиот континуитет заглави и се повеќе се зборува за заминување од славниот турски клуб.

Со непријавувањето на Алиоски, единствен македонски интернационалец кој ќе игра во Лига Европа пролетва е Енис Барди со Трабзонспор./Gol.mk/

Прикажи повеќе