Луис Енрике и покрај поразот: Убеден сум дека ПСЖ ќе игра во финалето

ПСЖ загуби со 1-0 на првиот полуфинален меч од Лигата на Шампионите со Борусија Дортмунд, но меѓу „светците“ владее оптимизам дека оваа негатива ќе биде надополнета на реваншот на „Паркот на принцовите“ следниот вторник.

Луис Енрике и неговите избраници можат да жалат за бројните промашувања во второто полувреме, но во таборот на францускиот првак се убедени дека во преостанатите 90 минути од двомечот ќе ги израмнат сметките.

„Убеден сум дека ПСЖ ќе игра во финалето. Ова ќе биде првпат да го играме реваншот на домашен терен, ќе знаеме како да го искористиме тоа. Ќе немаме што да загубиме, ќе се бориме за секоја топка и ќе ги наградиме нашите навивачи за поддршката што ни ја даваат. Вечерва цел натпревар слушавме 3.000 фанови на ПСЖ како пеат во Дортмунд, како ли ќе биде пред 50.000 наши навивачи следниот натпревар. Не можам да им замерам за ништо на фудбалерите, во финишот како да снемавме енергија за да го издржиме темпото, но секако создадовме убави шанси за израмнување. Верувам дека со ваква игра ќе ја минеме Борусија“, изјави Луис Енрике.

Се вчитува...