Барселона одби понуда за Рафиња од Англија

од Vladimir Zorba

Барселона одбила понуда вредна 60 милиони евра за Рафиња, тврди локалниот весник „Спорт“. Изданието тврди дека таа пристигнала од англиски клуб, но не прецизираше за кого се работи.

Бразилецот на „Камп Ноу“ пристигна токму од Премиер лигата каде го предводеше тимот на Лидс. Оттогаш не престануваат гласините за негово враќање на Островот, а најчесто се споменуваат имињата на Челси и Арсенал.

Тој оваа сезона забележа 23 настапи во Примера и има пет гола и седум асистенции. Тековната тешка финансиска ситуација во клубот може да ја принуди Барселона да се раздели со еден од нивните водечки играчи со цел да генерира средства за летната селекција и поголема слобода на пазарот.

Слични содржини