„Тешка ми е задачата да го бранам човекот кој за сите вас е убиец, а за мене е еден обичен човек. Дејан е човек, а не монструм.“ Со овие зборови Ивана Коцевска, бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, го започна својот воводен говор, обидувајќи се да ја смени перцепцијата за сопственикот на „Пулс“. Таа директно ја префрли топката за одговорноста на друго место, посочувајќи ја музичката група како фактор за немарноста која довела до ...

„Тринаесет години наназад на Дејан му се издавала лиценца. Тоа за него значело дека објектот ги исполнува условите. Како тој да препознае опасност ако државата му вели дека сѐ е во ред?“ Со ова прашање, адвокатката Ивана Коцевска ја заокружи стратегијата на одбраната, барајќи делото да се преквалификува. Таа тврди дека Дејан Јованов не може да се гони за „умисла“, бидејќи немал свест дека прави нешто погрешно, туку најмногу може да одговара за ...