Нашите млади фудбалери учесници на најсилниот интернационален турнир

1020

По освојувањето на турнирот во Волос на почетокот од оваа календарска година, “ФК КУЛ” е пред голем предизвик.

Нашиот тим е поканет на најпрестижниот турнир во регионот и пошироко. Новата дестинација е Атина, Грција.

Се работи за “Елит Неон Куп” кој ќе се одржи во грчката престолнина, во периодот од 29-ти Април до 2-ри Мај. На купот под мотото “Иднината пристигна”, најталентираните млади фудбалери до 14 годишна возраст ќе ги одмерат силите. Македонскиот тим апсолутно заслужено доби свое место по одличните резултати кој ги бележи во континуитет и во сериозно силна меѓународна конкуренција.

Во нашиот состав се: Стефан Стефаноски, Младен Крстевски, Марио Стојчевски, Никифор Демјановски, Кирил Радевски, Никола Јанкуловски, Огнен Јаков, Габриел Николовски, Иван Миленковски, Матеј Андреевски, Илија Аксентиев, Љупчо Трпковски, Горазд Здравевски, Виктор Трајковски, Стефан Ацковски, Матеј Стефановски, Атанасие Жепчевски. Тимот е предводен од тренерот Драги Стефановски “Гаге, Наташа Ристеска и Влатко Колев.

Oве е прв македонски младински тим кој настапува на еден од најголемите турнири во Европа. Исклучително се интересни нашите противници од групата “G”. Се работи за фудбалската академија “Редс” oд Дубаи, “домашниот” Волос како и најзвучното име од сите, англиски Ливерпул!

На турнирот ќе се појават најсилните грчки клубови и вечни ривали, Олимпијакос и Панатинаикос како и солунски АЕК, Паниониос, Перистери, кипарски Пафос, египетскиот шампион Хелиополис и моќната германска “Атлетик” академија. Учесници се најквалитетните два младински тима од Обединетите Арапски Емирати, Редс и Дубаи Сити, холандски Твенте, англиски Ексетер сити, албанските Интернационал и Тирана, како и најдобрата Кинеска академија – “Ла Лига Ас” од Хонг Конг. Најзвучното име е сепак ривалот од нашата група, гордоста од “Енфилд” и 19-кратен англиски шампион, Ливерпул.

Претставувајќи ја нашата земја како единствен македонски претставник во оваа силна конкуренција, пред младите таленти е шанса да го покажат својот неспорен талент (овој пат) на глобално ниво.

Им посакуваме среќа на нашите момци со надеж дека повторно ќе не направат горди како и претходно.

Димитар Младеновски