„НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ, НЕ ГРЦИ, НИ БУГАРИ“ – 1923 г.
Австралискиот полковник Артур Корфи (Arthur Cecil Corfe) бил пратен во посета на егејскиот дел на Македонија, организирана од Комисијата за Грчко-бугарска емиграција во Западна и Централна Македонија. При посетата, Корфи забележал дека населението јасно ја искажува својата народност како Македонци, наспроти Грци или Бугари.
Корфи во своите белешки објаснува дека членовите на делегацијата се обидувале да ги охрабрат Македонците да се изјаснат слободно и без страв, барем во својот дом, откако претходно ќе ги натерале месните официјални лица да си отидат.
Македонците нагласувале дека биле подложени на насилно погрчување, а од Грците биле нарекувани „бугари“, иако не се чувствувале како такви.
Прашани дали бараат автономна Македонија или пак Македонија да биде под Бугарија, Македонците без исклучок одговарале:
– „Бараме добра управа. Ние сме Македонци, а не Грци, ниту Бугари“.
Во поглед на теророт на којшто биле изложени од страна на бугарски, грчки и останати вооружени чети во насилно поделена Македонија, Македонците одговараат:
– „He сакаме во нашите села да доаѓаат чети. Бараме да бидеме оставени на мир.”
ИЗВОР: FO 371/8566 С 15084/6058/7, Bentinck (Athens) to Curzon, 20 August 1923, Enclosure, Colonel A.C. Corfe, “Notes on a Tour Made by the Commission on Greco-Bulgarian Emigration in Western and Central Macedonia. —–/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?