ПРВИ СНИМКИ: Спасувачите не можат да дојдат до повредените – четворица загинаа во експлозијата во хидроцентралата во Италија

243
Printscreen/X

Четвоцира работници загинаа, петмина се тешко повредени, а тројца се водат за исчезнати, по експлозијата и пожарот што се случи во хидроцентралата на езерото Сувијана, недалеку од Болоња, пренесува италијански Ла Стампа.

Несреќата се случила во вештачкиот базен Сувијана, на Болоњските Апенини, а експлозијата се случила на -9-ти кат, под нивото на езерото, на длабочина од околу 30 метри.

Повредените со возило на брза помош се префрлени во болниците во Цезен и Парма, додека на лице место во потрагата се ангажирани повеќе од шеесетина пожарникари и екипи нуркачи.