Чаби има јасен план: Уште една година во Баер, а потоа – преселба во омилениот клуб

Чаби Алонсо беше тренерот чие име се наоѓаше на врвот на листата со желби на Ливерпул и на Баерн Минхен, но шпанскиот стратег ги разочата двата европски гиганта со одлуката да остане во Баер Леверкузен уште една сезона.

Се уште не е официјално, но фактот дека и Баерн и Ливерпул во изминатите 24 часа го оладија интересот за овој одличен стратег е јасен знак дека е добиен сигнал од Алонсо и неговиот агент, дека овој стручњак сака да продолжи да го води Баер Леверкузен и по освојувањето на шампионската титула оваа сезона.

Како што јавуваат шпанските медиуми, ова е дел од јасниот план што Алонсо си го зацртал, се со цел наскоро да седне на клупата на својот омилен клуб – Реал Мадрид. „Кралевите“ пред неколку месеци потпишаа нов договор со Карло Анчелоти до јуни 2025 година, по што Флорентино Перез би го довел Алонсо како наследник на трофејниот стратег. Со тоа, Шпанецот би го испочитувал својот сегашен клуб Баер Леверкузе не заминувајќи веднаш по големиот успех, а воедно и би си ја исполнил големата желба да се врати во Реал Мадрид како тренер.

Се вчитува...