Комисијата за политика и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа вчера го одобри извештајот за Косово, со што се отвора патот за следните чекори кон членство во овој Совет.
Косовскиот премиер Албин Курти ова го оцени како големо достигнување за Косово, за што се пофали дека е направена голема работа, пишуваат косовските медиуми.
Шефот на косовската влада истакна дека тоа е добра вест за Европа, бидејќи според него Русија ќе биде надвор, а Косово внатре.
„Тоа е голем чекор за Косово, за тоа што косовската влада прави две и пол години без застанување, конечно оваа пролет покажува дека ќе биде крунисана со успех, ова е само првиот чекор на пролет. Следниот чекор ќе биде во средината на април кога ќе се гласа во парламентарното собрание, последниот чекор е во советот на министри во мај“, рече Курти.
„Покрај ова, за Европа, за албанската нација, за демократијата е многу добра вест што во оваа геополитичка и историска ера, Руската Федерација е надвор, а Косово влегува, тоа е големо признание и разбирање за граѓаните на нашата земја“, рече Курти.
Н. А.