Нојер за киксот против Реал: „Не очекував дека ќе има дупка во тревникот“

Баерн Минхен загуби од Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако Кралевите направија пресврт во самиот финиш, а голот за израмнување оди на душа на голманот на Баварците, Мануел Нојер.

„Многу лошо за мене. Морам да бидам искрен и да кажам дека очекував топката да дојде до мене на друг начин, кон градите. За жал, отиде малку погоре, но не очекував дека ќе има дупка во тревникот и дека топката ќе се одбие. Поради тоа ми беше тешко да ја скротам топката. Хоселу стигна побрзо на одбиената топка и тоа беше тешко да се одбрани“, вели голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.

Во одбрана на својот голман застана и тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел.

„Од 10.000 обиди, Нојер ќе ја собере таа топка 10.000 пати. Ова беше 10.001 пат. Можноста за негова грешка е речиси невозможна, а му се случи на натпреварот на којшто бранеше на ниво на најдобрите во светот. Тоа е многу лошо искуство.“ – рече Тухел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести