28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕкспертите предупредуваат: Вештачката интелигенција може да доведе до енергетска криза

Експертите предупредуваат: Вештачката интелигенција може да доведе до енергетска криза

Во 2022 година, центрите за податоци, криптовалутите и вештачката интелигенција потрошиле, според неодамнешната анализа на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), околу два отсто од електричната енергија на глобално ниво.

Потрошувачката на електрична енергија во компаниите со вештачка интелигенција (AI) расте експоненцијално, што доведува до нова енергетска криза во САД, предупреди советодавната компанија Grid Strategies.

На САД ќе им требаат околу 34 нови нуклеарни централи или дополнителни 38 гигавати електрична енергија во следните пет години за да ја задоволат побарувачката од центрите за податоци, фабриките и електричните возила, проценува консултантската фирма Grid Strategies во извештајот поднесен до регулаторот за енергија.

На компаниите кои користат вештачка интелигенција им треба многу електрична енергија за да обучат јазични модели, да произведуваат чипови и друг хардвер. Вештачката интелигенција вградена во интернет пребарувачите е исто така значаен извор на побарувачка, бидејќи троши најмалку десет пати повеќе од обичните пребарувачи.

Во 2022 година, центрите за податоци, криптовалутите и вештачката интелигенција конзумирале, според неодамнешната анализа на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), околу два отсто од електричната енергија на глобално ниво, а овој удел ќе се зголеми во иднина, предупредува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП