ВМРО-ДПМНЕ за разрешувањето на медицинскиот директор на Токсикологија: Тоа е одраз на негативната селекција на СДСМ и ДУИ

Разрешувањето на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија е одраз на негативната селекција во здравството од страна на СДСМ и ДУИ, а воедно е и поддршка за самоволието на некомпетентни економски директори.

Ова е денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната одлука на министерот за здравство Илир Демири кој го разреши медицинскиот директор на ова клиника и најави дека доколку дојдат на власт ќе ја укинат функцијата економски директор во здравствените установи.

Министерот Демири за економската директорка Бесија Иљази рече дека нема констатирано ниту едно прекршување во нејзината работа.

Според ВМРО-ДПМНЕ, владеењето како досега, како што велат, е одраз на функционирањето на власта во заминување за која, додаваат, синоним се сомнителни набавки, непотизам и диуализам во здравството. Сето тоа, како што велат од оваа партија, е основа за самоволие и уцени наместо, како што посочија, да има професионализам и унапредување на здравствениот систем.

Оттаму велат дека се приближува крајот на ваквото незаконие, па затоа се обврзуваат, како што велат, дека ќе ја укинат функцијата организациски директор на клиниките.

Дел од лекарите од Клиниката за токсикологија вчера рекоа дека уште од првиот ден се соочуваат со отпор и несоработка со организациската директорка на Клиниката за токсикологија, која, според Нико Беќаровски, раководителот на Одделот за интензивна нега на Клиниката за токсикологија, инсистира да бидат вработени 18 лица на кои на крајот на минатата година им биле истечени договорите.

Според Беќаровски, клиниката реално нема потреба од толкав број на вработувања. Главниот проблем со кој се соочува Клиниката во моментов, посочи тој, е доекипирање на лабораторијата.

 

Back to top button
Close