Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на Турција приведен на граничниот премин „Ќафасан“ со фалсификувана патна исправа

Струга, 29. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти март 2024 година, во 01:00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници лишија од слобода 48-годишно лице од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.

– Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука