Бред Пит ужива во љубовта со 30 години помлада девојка: Парот е фотографиран како заедно шетаат на плажа

Бред Пит и неговата 30 години помлада девојка Инес де Рамон уживаат во врската, а сега се фотографирани како се гушкаат на утринската прошетка на плажа.

Убавата 34-годишна бринета, потпретседателката на брендот за накит Анита Ко, пред две години го освои Бред Пит и оттогаш се неразделни.

Инес се вселила во куќата на Бред во февруари оваа година, а парот сега е фотографиран додека шета покрај океанот. Утринската прошетка со кафе во рака и домашно милениче покажа колку се блиски, се шетаа прегрнати, а Инес носеше сино-зелен пуфер елек со долг бел макси фустан и гломазни патики.

По разводот со Анџелина Џоли, Бред излегуваше со други жени, но тоа никогаш не се претвори во нешто сериозно, се додека не ја запозна Инес. Ова е негова прва сериозна врска по Анџелина и не може да биде посреќен.

Потсетуваме, тие двајцата за прв пат беа фотографирани од папараците кога отидоа да го прослават неговиот 59-ти роденден во ресторан во Холивуд.

Инес моментално работи за компанијата Anita Ko Jewelry. Таа беше во брак со актерот Пол Весли. Тие се разведоа во април годинава.

Бред, кој има шест деца со Анџелина Џоли, е во процес на развод од 2019 година. Американските медиуми неодамна го поврзаа со Емили Ратајковски.