Српскиот прволигаш Радник од Сурдулица бара фудбалски скаути во македонскиот фудбал

Македонскиот фудбал не е на ниво како фудбалот во западна Европа, но веќе многу екипи од Македонија работат на подобра организација, подигање на квалитетот во своите редови, а со тоа и да се подигне квалитетот на самиот фудбал во Македонија на повисоко ниво.

Српскиот прволигаш Радник од Сурдулица ги отвара вратите да станете дел од нивната скаунтиг служба за Македонија.

Клубот известува дека сите љубителите на македонскиот фудбал, оние кои ги следат натпреварите од македонскиот фудбал во живо, оние кои може да ги препознаат младите талентирани фудбалери, може да станат професионален скаут.

Фудбалскиот клуб Радник од Сурдулица од 2017 година има свој скаунт тим кој веќе 7 години успешно функционира.

Работа во тимови, едукација, вебинари и курсеви, се со цел скаутерот да биде подобар и подобар со текот на времето. Многу скаутери, кои немаа никакво работно искуство, откако работеа во српскиот клуб, кариерата ја продолжија ширум светот како Данска, Латвија, Литванија, Грузија, Кипар и многу други држави, што само по себе говори за успешниот овој проект.

Скаутирањето е за секој оној кој сака да се испроба на професионално ниво во македонскиот фудбал, мисли дека знае да препознае квалитет и талент кај играчите, го следи домашниот фудбал и ги гледа натпревари во живо, сака да напредува преку едукација и курсеви што ги обезбедува клубот, сака да работи во тим од луѓе, но и да го води својот тим.

Не е потребно претходно работно искуство на слична позиција, ќе бидете хонорарно ангажирани, а оние кои ќе се покажат како најдобри може да очекуваат и постојан работен однос и да го предводат нивниот скаутинг тим.

Испратете ја вашата апликација на е-пошта: [email protected]

Александар Ванев, М-Нет