Сериозна дебата и европски вредности, се потребни за напредок на државата, а за тоа е потребно демократизирање на партијата, отворена дебата, аргументи и контрааргументи, што води кон демократско општество, изјави потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити кој заедно со дел од високи претставници од партијата вечерва се сретна со граѓани на Куманово.Според него, важна е борбата за, како што вели, европските вредности, отворена дебата во партиските органи, отчет на Владата

Потпретседателот и пратеник на ДУИ, Изет Меџити рече дека ова што се случува денес е нов стандард во албанската политика, што произлегува од западната демократија, каде што кандидатите конкурираат прво во нивните партии, а потоа се натпреваруваат со противничките партии.

'Во 2020 година, во бранот на пандемијата, придонесовме да победиме на избори, му помогнавме на Али Ахмети и ДУИ, а во кампањата според сугестиите на агенциите не го кандидиравме Артан Грубин никаде, бидејќи ни кажаа дека е шампион за губење гласови. По изборите се направи голема грешка, тој што го сокривме од гласачите стана вицепремиер. Издржавме и молчевме поради членството на земјата во НАТО и поради Али Ахмети. Сега Артан Груби оди на состаноци каде повеќето се функционери и замислете зборува во име на евроинтеграциите, додека цело време се занимава со антиевропски методи, ја гуши дебатата, бега од одговорност и врши притисок врз администрацијата и оние кои се за промени, рече Меџити.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери пред кумановци рече дека директивите на Артан Груби не можат да ги поднесуваат бидејќи тој е дојденец во ДУИ, за разлика од нас основачите.

„Во ДУИ дојде многу доцна и дојде сам, немаше гласачко тело, не дојде од структурата, а сега замислете ја затвора дебатата, ја блокира. Не е ништо страшно да се има реконструкција, мора да си одат бидејќи немаат резултати“, рече Џафери.

Невзат Бејта рече дека излегоа на терен затоа што неуспесите на извршната власт се на секое поле, во образованието, здравјето, судството и обвинителството, затоа што сите тие институции се злоупотребени за лични интереси на Артан Груби.

Високи функционери на Демократската унија за интеграција преку овие средби директно комуницираат со базата, граѓанинот како и огранокот, пред кои ја изнесуваат загриженоста за нереализирање на ветувањата на граѓаните од министрите и замениците министри на ДУИ, кои не се ни натпреваруваа за гласот на народот, туку како вистински опортунисти ги користат придобивките што ги дадоа албанските гласачи во Македонија.


Администратор
25/01/2023 00:14