Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Miting Sdsm Skop E 2.jpeg
Ss2

„СДСМ го обезбеди членството во НАТО! СДСМ ги отвори преговорите со ЕУ по 17 години чекање. Ние докажавме дека нема откажување од европскиот пат”, истакнапретседателот на СДСМ и носител на листата во Изборната единица 1 на Коалицијата за европска иднина, Димитар Ковачевски, на денешниот централен митинг, кој симболично се одржа пред седиштето на ЕУ во Скопје. 

Ковачевски им порача на граѓаните дека членството во ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во нашето општество. 

Img 5587

„Знаеме дека патот до ЕУ не е лесен. Свесни сме дека ЕУ не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Со заеднички сили ќе ја придвижиме државата кон Европската Унија”, рече Ковачевски. 

Говорејќи за односот на опозициската ВМРО ДПМНЕ во клучните моменти за државата, Ковачевски рече дека додека СДСМ ја внесуваше државата во НАТО и ги отвораше преговорите со ЕУ, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ги заплашуваа граѓаните дека ќе останеме без јазик, без идентитет и без култура.

„Докажавме дека таква опасност не постои. Македонскиот јазик е зачуван! Македонскиот идентитет не е чепнат! Македонската култура е призната и препознаена во целиот свет! Затоа нудиме и бараме национален консензуз, за да се спротивставиме на силите и луѓето кои сакаат Македонија да ја направат повторно своја приватна фирма, свој криминален вилает, за да крадат и грабаат!”, истакна Ковачевски.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)