Бизарна ситуација за Јокиќ и Денвер: Мораа да тренираат во влечки/ВИДЕО

368

Навистина несекојдневна ситуација се случи пред почетокот на четвртиот меч од серијата помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер во првото коло од плејофот во НБА лигата.

Некои од играчите на Денвер, како Мајкл Портер Јуниор, Реџи Џексон, но и Никола Јокиќ на загревањето пред натпреварот носеа влечки и чорапи.

Причината за излегувањето во влечки е тоа што автобусот со патиките доцнел до местото во Лос Анџелес.

– Дали е тоа идеално? Не е. Но, јас не сум човек кој бара изговори. И тоа сигурно нема да го апострофирам како причина за пораз. Многу повеќе ме загрижува тоа што повторно добивме голем број поени од рекетот – изјави тренерот на Нагетс, Мајк Мелоун.

Пред овој меч, Денвер имаше предност од 3-0 во серијата, но Лејкерси успеаја да слават со 119:108 и со тоа да обезбедат барем уште еден натпревар.

Петтиот меч се игра во Колорадо и ќе биде нова меч топка за Нагетс.