Во Тирана денеска во центарот на градот се одржа протест против исклучувањето на TikTok.
Митингот беше организиран од фракцијата на Демократската партија која го поддржува поранешниот премиер Сали Бериша, пишува Euronews на албански јазик.
Како што е соопштено, митингот на кој немало многу луѓе го обезбедувале 800 полицајци.
Одлуката за забрана на TikTok стапи на сила на 13 март, а беше донесена затоа што социјалната мрежа наводно претставува опасност за децата и младите.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.