Вака ќе изгледа сцената на Евросонг во Малме (видео)


Малме– По шестмесечна работа на проектирање и изградба, конечно е готова бината на која наскоро ќе застанат годинешните претставници на Еврсонг. Првиот поглед на импресивната сцена, која се состои од фотографии и видео снимки, беше објавена на официјалната веб-страница на EBU, само неколку дена пред сите натпреварувачи заминат за Шведска, бидејќи првите проби почнуваат веќе во сабота, 27 април. 

Комбинацијата на LED подови, подвижни LED коцки, светла, видео и сценска технологија ќе се комбинираат за да создадат спектакуларни визуелни искуства. Самата сцена е во форма на крст, а поставена е точно во средината на салата и на тој начин создава уникатно искуство преку кое публиката ќе може да ги доживее претставите од секој агол. Во внатрешноста на арената Малме, сцената се наоѓа меѓу 2.168 уреди за осветлување. Беа потребни четири недели претходно програмирање за да се доведат светилките во нивната конечна состојба денес.

Салата има 1.000 квадратни метри LED екрани внатре и над комплетот. Самата LED подна сцена е со големина од 186 метри квадратни, додека екранот за заднина на LED е измерен на 340 квадратни метри. Виси од таванот се гледаат пет LED коцки кои придонесуваат за 460 квадратни метри LED ефект кој ќе не заслепува за време на трите емисии во живо.

Во Малме арената ќе има тим од 6 луѓе кои ќе управуваат со сцената за секој настап да биде целосно исполнет од очекувањата на изведувачите и нивните тимови, а ќе бидат поддржани од тим од 36 луѓе на сцената. Само 55 секунди се достапни за промена на секоја сцена, што бара совршена организација и координација. Сите овие потези се многу внимателно кореографирани и вежбани, исто како и сè друго во живите преноси на 68. Избор за песна на Евровизија.

Клучното креативно лидерство зад концептот се Флоријан Видер, продукциски дизајнер и Фредрик Стормби, дизајнер за осветлување и содржина на екранот.

„Многу сум среќен што повторно ќе бидам дел од евровизиското семејство! Создавањето исклучителна претстава е тимски напор и горд сум што сум дел од тимот од соништата на професионалци – токму вистинската група на луѓе да смисли нешто различни и нови сите имаат иста визија за тоа што треба да биде ова шоу и како да се подигне Евровизија на повисоко ниво, а за мене Шведска е секогаш гарант за добра музика и забава“, рече Видер.

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Малме, Шведска, а започнува во вторник на 7 мај за кога е закажано првото полуфинале, во четврток на 9 мај е второто полуфинале, а во сабота на 11 мај – големото финале.

 

Македонија годинава не учествува, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување. На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во Малме, во мај следната година, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година, изјавјаод МРТ кој ја поседува лиценцата за овој престижен музички настан.
 

МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.

Македонска делегација на Изборот за песна за Евровизија 2023 година во Ливерпул, немаше, поради, како што информира тогаш Македонската Радио Телевизија, зголемената котизација за учество и зголемените трошоци од енергетската криза. Последниот настап на Евровизија на земјава беше во 2022 година. 

Малме во Шведска е домаќинот на 68. Евросонг, по победата на Лорин со „Тетоважа“, годинава, на фестивалот во Ливерпул, Англија. Ова е втора победа на Лорин, по онаа во 2012 година во Баку со хитот „Еуфорија“, кога за триумфот и беа доволни 372 поени. Лорин покрај Џони Логан е единствениот учесник на Евровизија со две победи на ова натпреварување.

Ова ќе биде трет пат Малме да биде домаќин на Евровизија, по 1992 и 2013 година, а вкупно 7-ми пат големото музичко натпреварување да се одржува во Шведска.

Ова, исто така, ќе биде прв пат во историјата на натпреварот Евровизија да не биде домаќин на главниот град пет последователни години.

„Фала боже, повторно не е досаден Стокхолм. Одличен избор“ напиша еден од обожавателите.

 

Третиот по големина град во Шведска со 350.000 жители беше избран за град-домаќин по ригорозен процес кој ги испитуваше капацитетите на местото на одржување, способноста да се сместат илјадници делегации во посета, екипажи, навивачи и новинари.

Годишната членарина во ЕБУ (Европски радиодифузен сојуз) и ЦИРКОМ (Организација под ЕБУ) изнедува 16 милиони денари, односно над 260.000 евра. За котизација се предвидени 300.000 денари, односно околу 50 илјади евра.

Македонија за првпат учествуваше на Евровизија во 1998 година, и првиот претставник беше Владо Јаневски со песната ,,Не зори зоро”.

Најголем пласман обезбеди Тамара Тодевска со песната ,,Proud” во 2019 година во Тел Авив, Израел, кога го освои високото седмо место на целокупниот пласман и прво место според гласови од жирито.