Голманот Кобел е вистинскиот „жолт ѕид“ на Дортмунд сезонава во ЛШ

Швајцарецот Грегор Кобел кој во Борусија Дортмунд дојде од Штутгарт во 2021 година за 15 милиони евра, сезонава е вистински „жолт ѕид“ на голот на Милионерите.

Иако нема статус на голема ѕвезда и резерва е во националниот тим, тој е избран во „Идеалните 11“ во Бундеслигата две сезони по ред, а сезонава е чувар на мрежа со најмногу (5) натпревари без примен гол во Лигата на шампионите.

„Изгледаше како голот на Кобел да е посипан со света вода“, напиша британски „Гардијан“ после првиот меч во Дортмунд кога парижаните не успеаја да постигнат гол иако имаа неколку шанси и трипати ја погодуваа стативата.

Јасно му е дека вечерва го чека тешка задача во Париз против Мбапе, Дембеле и останатите Светци, но и дека ако Борусија после 11 години пак заигра финале во ЛШ и пак на „Вембли“ како во 2013 година, сигурно голема заслуга ќе има и тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести