Македонија

Славески: Груби го прогласи Пендаровски за губитник со земањето на само едно ливче

,,Резултатите на Данела Арсовска се очекувани, би рекол никакви и немаат шанса за освојување на некое пратеничко место. Нова алтернатива како зомби партија послужи како платформа (неуспешна) за јуриш, поход кон парламентот. Ќе треба г-ѓа Арсовска малку да се обиде во последната година од мандатот да направи нешто. Таа е одамна во политичка пензија.”, вели Славески, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето за Никола Груевски, Славески вели дека Груевски има работа со Република Македонија, со судовите, да бил тука досега нешто ќе било и расчитено.

,,Потегот на Артан Груби кога со неколку камери влезе да покаже дека зема само едно ливче, тој го прогласи Стево Пендаровски за губитник”, вели Славески.

На почеток