Османи: Нема влада без двојно мнозинство – ВРЕДИ: Влада и Бадентер ДА, без ДУИ и Левица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

-Нема влада без двојно мнозинство. 61, плус Бадентеровото мнозинство. Тоа се услови според Охридскиот договор, без кои не може да се формира влада, вели Бујар Османи од Европскиот фронт. Тој додаде дека граѓаните одлучуваат кој ќе ги застапува и како резултат на тоа, претставникот ќе треба да го комплетира и второто мнозинство покрај тоа од 61 пратеник, односно тоа на Бадентер.

Реагираше ВРЕДИ. Велат дека ДУИ ги напуштила вредностите за кои се залагала во 2001 кога на наместо за албанското прашање, почна да се грижи само џебовите на нивното раководство и од една партија, стана Коза Ностра.

-Влада и Бадентер ДА, без ДУИ и Левица. Сега, кога дојде време за одговорност за корупциските скандали, тие се обидуваат да го искористат како штит целиот албански народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Овие фикции се доволно видени досега и нема повеќе. По 8 мај ќе има Влада со ВРЕДИ како единствен политички претставник на Албанците, ќе има и мнозинство Бадентер, со што ќе се обезбеди основата на Охридскиот договор и ќе има одговорност за сите оние кои го прекршиле законот-велат од ВРЕДИ.

Од ВРЕДИ заклучуваат дека не е крај на светот ако ДУИ оди во опозиција, додека гарантираат дека нема да има политички реваншизам, туку само правична одговорност и правда во судските постапки.