Top Sport

(Видео) Атлетико преку Интер до четвртфиналето во ЛШ

Јан Облак го однесе Атлетико Мадрид во чевртфиналето во Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ го елиминираа Интер на пенали со 3:2, откако натпреварот по 120 минути заврши 2:1.

Јан Облак, во пенал серијата го одбрани ударите на Алексис Санчез и Дејви Класен, додека Лаутаро Мартинез шутираше над голот. За Интер прецизни од белата точка беа Хакан Чалханолгу и Ачерби.

Мемфис Депај, уште еден херој, кој му обезбеди продолженија на Атлетико, Рикелме и Анхел Кореа беа прецизни, додека ударот на Саул го одбрани Јан Зомер.

Атлетико со пласманот во четвртфиналето им овозможи на Шпанците следната сезона да имаат пет претставници во новото издание на Лигата на шампионите.

Головите за Атлетико ги постигнаа Гризман во 35-та и Депај во 87-та, додека единствен стрелец за Интер беше Димарко во 33-та минута од натпреварот.

Фудбалерите на Интер и Атлетико ни приредија одлично фудбалско шоу. На крајот победи екипата која во текот на целиот натпревар играше да победи. Интер го плати цехот на деструктивната тактика на Симоне Инзаги.

Интер се определи да го намали темпото на натпреварот и своите шанси ги бараше преку брзата транзиција. Единствен период во кој Интер доминираше, беа вторите 15 минути од продолженијата.

Ждрепката за четвртфиналето е во петок, а во неа ќе се најдат Реал, Барселона, Атлетико, Манчестер сити, Арсенал, ПСЖ, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд.

Scroll to Top