22.8 C
Скопје
16:35 - 2 мај, 2024

Регионот зборува за разводот, а поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ се забавува во претседателскиот апартман во хотел во Загреб

Иако пред неколку дена на социјалните мрежи објави дека дошол пред замокот во кој живеел со Драгана Мирковиќ, нејзиниот наскоро поранешен сопруг Тони Бијелиќ, наводно, синоќа се забавувал во Загреб…

Регионалната ѕвезда Драгана Мирковиќ (56) неодамна шокираше со објавата дека се разведува од Тони Бијелиќ, по 24 години брак. Поранешните сопружници не живеат под ист покрив веќе три години, а Драгана останала да живее во прекрасниот замок Ебенфурт со нивните две деца.

Пред неколку дена Бијелиќ на своите социјални мрежи објави дека пристигнал пред влезот во самиот двор на замокот. Своето враќање во замокот Тони го проследил со песна од култниот филм „Кум“.

Како што неофицијално дознава хрватскиот портал „24сата“, Тони потоа се вратил во Загреб каде организирал дружење во претседателскиот апартман во еден луксузен загрепски хотел.

Меѓу гостите бил и загрепскиот дизајнер Ивица Скоко. Тој синоќа дошол со пријателката Милена и се качил на 15-ти кат, односно отишол во претседателскиот апартман.

Тој останал многу кратко и бил забележан како преку гаражата си оди дома со пријателката. Инаку, Скоко ја запознал Драгана преку Алка Вујица на снимањето на спотот на Боба Рајовиќ и Алка.

Драгана и Тони се венчаа во 2000 година, а во бракот добија две деца. Меѓутоа, по долги години брак, на љубовта ѝ дојде крајот.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....