Поврзете се со нас

Англија

Покетино за поништениот гол за победа на Челси: Ваквите одлуки се штетни за Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси вчера успеа да се врати од два гола негатива на гостувањето кај Астон Вила, а на крајот постигна и гол за победа, но истиот беше поништен по ВАР проверката за конечно реми во Бирмингем.

Гостинскиот менаџер Маурисио Покетино бил лут на судиите поради одлуката за поништување на голот на Аксел Дисаси и тоа поради прекршок на негов соиграч во акцијата по која е постигнат погодокот.

– Јас, вие и сите останати кои го гледаа натпреварот, не забележаа прекршок во акцијата, а потоа ВАР ја промени одлуката на судијата. За мене тоа беше обичен дуел, но сега не можеме ништо да промениме.

– Според мене, ваквите одлуки носат штета за Премиер лигата и англискиот фудбал. Ако сакаме да бидеме најдобра лига во светот, тогаш треба да го штитиме спектаклот, а ваквите одлуки носат штета за сите, вклучувајќи ги и фановите, – рекол Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни