Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

158

Движењето ЗНАМ, За наша Македонија вечерва испиша историја, истакна лидерот на движењето Максим Димитриевски. Димитриевски посочи дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите остaнати политички субјекти.

„Од денеска продолжуваме како што ветувавме во предизборната кампања, согласно нашите определби, програмски и сето што беше ветено пред граѓаните. Ние сме партија формирана од граѓаните, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните“, додаде Димитриевски.

Тој упати и честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и победата на Гордана Силјановкса Давкова и им посaка успешен мандат.

-Воедно ,сакам да им честитам и на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа која што ја освоија. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираа, а за нас од ЗНАМ гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија,движењето ЗНАМ вечерва испиша историја заедно со граѓаните. Ние потврдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови.