Можен ли е преседан: Шпанија ќе биде ифрлена од ЕП во Германија?

Европска и светската фудбалска организација, УЕФА и ФИФА, во петок ќе го разгледуваат случајот со Фудбалскиот сојуз на Шпанија, па можно е да се случи Црвената фурија да биде суспендирана од Европското првенство во Германија.

УЕФА и ФИФА покренаа постапка за случувањата во Фудбалскиот сојуз на Шпанија, поради случајот со корупција на раководните лица, но и поради смената на претседателот, Рубијалес, кој предизвика скандал на Светското првенство за жени. Шпанците откако го променија претседателот, назначија одбор кој раководи со Фудбалскиот сојуз. Сега УЕФА и ФИФА ги бараат документите за корупција, но и по кој правила бил сменет претседателот и било назначано привремено раководство, кое си нивните овластувања и колкав им е мандатот.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија има рок до петок да одговори на ова барање, па потоа УЕФА и ФИФА ќе се произнесат. Доколку Фудбалскиот сојуз биде суспендиран, тоа значи дека репрезентацијата нема да игра на Европското првенство, а клубовите нема да имаат право да учествуваат во европските купови следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести