Саемот за венчавки кој ќе се одржи од 10 до 12 март во хотелот Александар Палас ќе понуди богата програма во сите три дена со модни ревии, музички настапи и промоции, а е во организација на магазинот www.vobelo.mk.
Отворањето на 11-тото издание на саемот е предвидено за 10 март од 17 часот за посетители, а во 20 часот ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта ќе има и музички дел и многу забава. Водител и домаќин на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ. Во делот на програмата за сабота и недела ќе има неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент ќе биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести. На сцената ќе има познати мејкап артисти кои ќе презентираат и ќе делат совети за совршен изглед за големиот ден. Секако, најголемата забава за идните невести ќе биде прошетката низ трите хали во хотелот каде најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и сè што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2000 м2. Секако убавината на саемот не се само иновациите, но и големите попусти кои ќе ги добиете.
Влезниците за овој саем се купуваат на билетарата во хотел Александар Палас и онлајн на платформата купикартизасе.
Работно време на саемот за посетители:
Петок, 10 март, од 17 до 22 часот
Сабота, 11 маерт, од 10 до 21 часот
Недела, 12 март, од 10 до 20 часот
Нема коментари